Една жена од Чикаго била пре4кршочно пријавена, бидејќи повикала полиција од која побарала да го натераат нејзиното момче да ја запроси. Ана Перез која има 40 години го повикала бројот за итни случаи во надеж дека момчето ќе се преплаши и ќе го натера на брак. На полицајците им рекла дека ја нападнал и дека ја малтретирал.
Кога полицајците стигнале на адресата им ја раскажала другата страна на приказната. Од полицијата рекле дека нејзината постапка воопшто не била во ред. Некои од полицајците целосно го изгубиле трпението. Според нивниот извештај, момчето во тој момент ја прекинувало врската со Ана.