Една американка од Јужна Каролина која не можела да се наспие поради хрчењето на нејзиниот сопруг, повикала полиција и ги замолила да го уапсат. Им рекла дека тој е прегласен и дека не може да го сопре. Се обидувала да спие но никако не успевала. Го изгубила трпението, го разбудила сопругот и го натерала да спие во друга соба.


Не и помогнало ниту тоа бидејќи хрчењето и понатаму се слушало. Повтроно го разбудила и почнала да вика по него и му се заканила дека ќе повика полиција. Сопругот и рекол слободно да повика ако сака дури и специјални единици. Полицијата набрзо стигнала, направила записник и инцидентот го забележала како мало недоразбирање без санкции.