Една жена од Мичиген и пријавила на полицијата кражба на марихуана од нејзиниот стан. Двајца мажи наводно и влегле во станот и и ја барале марихуаната која таа ја одгледувала. Ги зеле билките и побегнале. Но наместо нив, полицијата ја уапсила жената за производство и продажба на дроги.
Таа тврдела дека марихуаната ја одгледувала за лични потреби, но немала дозвола од лекар која морала да ја поседува според законот. Детективот изјавил дека не пмни случај некој да пријави кражба на дрога. Сеуште ги бараат крадците.