Една англичанка телефонирала во полиција жалејќи се дека некој и го украл снешкото од пред нејзиниот дом. Во полицијата им рекла дека и е потребна помош бидејќи нејзината снежна скулптура имала монети наместо копчиња и касички наместо раце. Полицијата пренсела дека жената ги повикала додека се мачеле со илјадниците повици поради обилните снежни врнежи и температурите под нулата во Велика Британија.
Полицијата соопштила дека повикот на сопственичката на снешкото бил крајно неодговорен. Им објасниле во кои случаи може да повика итна помош, и додале дека нејзиниот случај е далеку од сериозен во споредба со проблемите кои во тоа време ги имале некои други луѓе.