Полицијата задржала на испитување една 22-годишна полјакиња која полициската служба ја повикала 462 пати во два дена. Таа не можела да објасни зошто толку пати повикала полиција. Бројот за интервенции првиот ден го повикала 230 пати а вториот 232 пати.
Бидејќи секогаш кога ќе го повикала бројот ја спуштала слушалката полицијата успеала да го најде изворот. И се заканува парична казна или затвор. Полицијата побарала построга казна бидејќи нејзината игра би можела да загрози други животи.