Една невнимателна американска препродавачка на дрога сигурно зажалила што не го бирала телефонскиот број повнимателно, па таа грешка ја чинела затворска казна. Ренеа Луцеро која има 30 години внесла погрешен број и наместо својот клиент, без да знае, добила полициски детектив.
Овој несекојдневен настан се случил во местото Албукерки. Таа на детективот му понудила дрога, а тој веднаш се согласил. Примопредавањето на хероинот било извршено и Луцеро по брза постапка завршила во затвор со обвинение за препродажба на наркотични средства.