Една совесна жена, вработена во американска телекомуникациска компанија одлучила да го исчисти заедничкиот фрижидер во канцеларијата, но од расипаната храна се раширила таква смрдеа што медицинска помош побарале 28 лица. Пожарникарите морале да ја евакуираат зградата откако некој повикал 911 поради неподнослива смрдеа.
Жената сакала да го исчисти фрижидерот со хемиски средства за чистење, но од комбинацијата од нивната, и миризбата на расипаната храна 28 луѓе побарале помош кои се пожалиле на повраќање и мачнина.