Грегори Орас повикал три пати во ноќта полиција во Флорида, тврдејќи дека го претепале, му го скршиле носот, дека му тече крв од ушите и дека пукале на него. Полицајците пристигнале пред барот и го здогледале здравиот Грегори кој потоа им побарал да го превезат до друг бар.


Удрил еден од полицајците со нога во коленото кога се обидувале да го приведат, па го смириле со електричен пиштол и го врзале. Го обвиниле за напад на полицаец и лажно пријавување злосторство.