Еден турчин кој живее во Германија побарал полициска заштита од напалената сопруга со која бил во брак 18 години. Во последниве четири години спиел на троседот во дневната соба, обидувајќи се да ги избегне брачните должности.


Германската полиција известила дека човекот, татко на две деца, одлучил да се разведе од сопругата и да се исели бидејќи се чувствувал понижено. Рекол дека сака конечно да се наспие, а моментално тоа било невозможно бидејќи сопругата му влегувала во дневната соба и брала од него да ја исполни брачната должност. Побарал помош од полицијата за да може да се наспие.