Загрижен поради вревата која се слушала од покривот на неговата куќа, еден италијанец од Тревизо, град на северот од земјата, повикал полиција, но се воспоставило дека тоа бил љубовникот на неговата сопруга кој се сокрил на покривот кога овој се вратил дома.
Тој таа ноќ се вратил дома порано од вообичаеното и слушнал чекори над прозорецот на спалната соба. Помислил дека станува збор за крадец, па повикал полиција која на покривот го пронашла неговиот сосед. Усрамен, соседот признал дека е љубовник на неговата сопруга и дека се сокрил кога домаќинот се појавил во куќата.