Неименуван американец побарал полициска интервенција откако пред неколку дена на него една лута жена се нафрлила со своите гради. Парот имал кавга во продавница на една бензинска пумпа во Атенс, во сојузната држава Џорџија, и тоа затоа што таа на неколку моменти го напуштила редот пред касата, а тој тоа го искористил како би застанал понапред во редот.

 

Препирката продолжила и пред продавницата, па жената тогаш, како што навел човекот, се забила во него со градите и му се заканила дека ќе го претепа. Човекот потоа повикал полиција и на службениците им ги предал регистарските ознаки на автомобилот со кој заминала, меѓутоа не прецизирал колкаво било „оружјето“ со кое го нападнала.