Учениците во средното училиште во австрискиот град Брегенц, со дозвола од наставникот, за време на испитот имаат право на еден телефонски повик кој би им помогнал да решат некое прашање на кое не го знаат одговорот. Ова правило го вовел професорот Петер Раинхард инспириран од квизот “„Кој сака да биде милионер“.
Смеат да повикуваат лекари, професори или кој ќе посакаат за да им помогне. Но често се случувало стручњаците да имаат повеќе трема од самите деца бидејќи се плашат да не го погрешат одговорот.