Иницијативниот одбор за основање на Локален младински совет во Општина Струга, заедно со Младински образовен форум, Центар за меѓукултурен дијалог , распишува повик за пријавување на делегати за основачкото собрание на Локалниот младински совет во Општина Струга.
Повикот е отворен за сите младински организации; организации за млади и мрежи на младински организации, подмладоци на политички партии, како и други младински структури кои ги исполнуваат критериумите за членство одредени според предлог статутот поднесен од страна на Иницијативата.Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите за членство треба да ги достават потребните документи: Портфолио за работа на организацијата/неформалната група, Мотивационо писмо за учество не повеќе од 300 збора, на улица Климетица бр.8 Струга или на [email protected]
Доколку е потребно, комисијата за верификација ќе побара од апликантите дополнителни документи за да се потврдат критериумите. Рокот за пријавување е од 14.07 до 19.07.2015 година.
Апликациите ќе бидат разгледувани од Комисија за верификација на членство составена од претставници на Иницијативниот одбор за основање на Локален младински совет.
OhridNews