Во согласност со Годишната програма на Секторот за туризам и локален економски развој предвидено е субвенционирање на дел од уплатената такса за привремен престој на домашните и странските туристи, за физички лица вршители на угостителска дејност од мал обем во општина Охрид.
– Целта на оваа активност е поттикнување на физичките лица запишани во регистарот на физички лица вршители на угостителска дејност од мал обем во општина Охрид уредно да ја водат евиденцијата за престојот на гостите во својот сместувачки објект, со што ќе се стимулира редовната наплата на ТПП и ќе се избегне нејзиното прикривање, потенцираат од Секторот за ТЛЕР.
Висината на Субвенцијата ќе изнесува 50% од уплатената такса за примвремен престој по основ на вкупниот број на остварени ноќевања за периодот од 01.01 – 30.06.2015 год.
Барањето и постапката за субвенционирање на туристичката такса може да се преземат од интернет страната на општина Охрид. Барањата за субвенционирање треба да се достават во Секторот за ТЛЕР, најдоцна до 31.07.2015
OhridNews