Добрите игри во дресот на Охрид и репрезентацијата до 18 години на Славе Маркоски наградени се со повик во У21 селекцијата од селекторот Благоја Милевски. Маркоски кој игра на стоперската позиција ќе конкурира за почетниот состав за дуелот со Црна Гора во последниот квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство.
Покрај Маркоски дополнителен повик добија Виктор Крстевски од Вардар, Енсар Љума од Шкендија и Ване Јованов од Академија Пандев.
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година мечот со Црна Гора го игра во вторник во 13:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
OhridNews