Согласно најновите измени на Законот за превоз во патниот сообраќај на Македонија стручното оспособување на кандидатите за добивање сертификат за авто – такси возач треба да го врши правно лице овластено од општината. Условите кои треба да ги исполнува правното лице се : Да поседува минимум 30 м2 простор опремен за одржување на обука;Информатичка технологија и друга опрема за водење на евиденција; Минимум 3 лица вработени во редовен работен однос со високо образование (економски, сообраќаен или правен факултет), со најмалку 3 години работно искуство од областа на транспортот.

Заинтересирани правни субјекти за вршење на стручно оспособување за добивање на сертификат за авто – такси возач можат да поднесат барање до општина Охрид – Сектор за комунален развој, сообраќај и улици, најдоцна до 25.02.2015 година.

OhridNews