Во рамките на проектот „Интегрирано управување со шумите (ИУШ) долж сливот на реката Дрим“, ЦНВП Скопје, објави повик за доделување грантови за квалификувани микро, мали и средни претпријатија, земјоделци и индивидуалци со туристички капацитети во Дебар и Струга чија мисија и стратегија се фокусирани на генерирање приход.

Целта на проектот, според јавниот повик, е да придонесе за ублажување на климатските промени и одржлив развој за локалните заедници преку поттикнување на различни пристапи за интегрирано управување со шумите и подобрување на условите за живеење на руралните заедници долж реката Дрим во регионот на Скадар, Призрен, Струга и Никшич.

Активностите, како што стои во повикот, вклучуваат учество на граѓаните во напорите за зачувување на природата, зајакнување на локалните заедници и поттикнување одржливо користење на природните ресурси.

Заинтересираните апликанти треба да ги достават своите предлози за грант во електронска верзија на следната е-пошта: [email protected], најдоцна до 10 мај годинава, а на 29 мај ќе се одржат инфосесии во двата града, Струга и во Дебар, информира ЦНВП Скопје.

Проектот „Интегрирано управување со шумите (ИУШ) долж сливот на реката Дрим“ е финансиран од Австриската кооперација за развој.

OhridNews