Соништата на Кристина Мојсоска за настап во националната селекција се пред остварување, откако 16-годишната охриѓанка се најде на списокот од селекторот Кирил Изов за претстојниот квалификациски натпревар со Франција.
Мојсоска која настапува за струшкиот клуб Ас Јунајтед потекнува од охридската школа Билјанини Извори. Таа со останатите репрезентатвки ќе имаат задача да се покажат во добро светло на дуелот со големиот фаворит, селекцијата на Франција.
На списокот ја нема охриѓанката Маја Ангеловска која има долг стаж во селекцијата. Ситуацијата со вирусот ковид -19 ја ослабна Македонија која ќе настапи без Наташа Андонва и Гентијана Рочи.
Собирот на Македонија е закажан на 18 септември, а квалификацискиот натпревар со Франција на програмата е на 22 септември.
OhridNews