Повеќето австралијци не се плашат од ајкули, покажало новото истражување, иако нивната земја е високо рангирана на глобалната табела на земји по бројот на напади од ајкули. Истражувањето, спроведено на група од 583 посетители на аквариум во Сиднеј, покажало дека 77 проценти од нив воопшто не чувствуваат страв од ајкули, или само умерено се плашат, пренесуваат медиумите.
По повод најновата агресивна кампања за намалување на бројот на ајкули долж австралискиот брег, околу 87 проценти од испитаниците изјавиле дека тие предатори не би требало да бидат убивани, и покрај опасноста која ја носат. Покрај тоа, значајни 69 проценти како најдобар начин за спречување на нападите ја наведуваат едукацијата кај луѓето. Околу 18 проценти од испитаниците велат дека ајкулите едноставно треба да се остават на мир.