Убави или грди, на тоа прашање повеќето германци одоговриле позитивно, односно се изјасниле дека себеси се сметаат за убави, покажала една анекта која ја објавиле германските медиуми. Психологот Јирген Марграф од Рурскиот универзитет во Бохум, кој е претседател на германското друштво на психолози, рекол дека германците натпросечно се сметаат за убави.

На една скала од 0 (грд) до 100 (убав), околу 1000 учесници во анектата постигнале просек од 69,1 поен, додека речиси никој не се изјаснил од 0 до 30. Затоа, од друга страна, секој десетти учесник во анкетата себеси се видел во полето од 90 до 100 поени, пренеле германските медиуми.