Поради покачувањето на температурите кои во Охрид се очекува да се движат до 32 степен целзиусов, надлежните со низа мерки за заштита до населението. Се советува да се избегнуваат какви било напорни активности, вклучуваќи и спорт и рекреативни активности за време на најжешкиот период на денот, во текот на топлите денови да се останува повеќе во затворени простории, пред се климатизирани, да се носи светла и лесна облека, а на директно сонце да се има заштитни очила и  капа.

Да се внесуваат помали количества храна, а посебно помалку мрсна храна и да се редуцира евентуалната зголемена телесна тежина. Да се внесуваат големи количества течности. Да се избегнуваат алкохолни и пијалаци кои содржат кофеин, како и екстремно ладни пијалаци или консумирање на поголеми количини шеќери, при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори  под сенка – да се избегнува директен престој на сонце.

– При привремено излегување од возилото  во овие услови, треба да го отворите прозорецот и да овозможите вентилација – целосно затворените возила стануваат многу жешки – и не оставајте никого во возилото. Почесто во денот проверувајте – интересирајте се за  здравјето и на децата и на старите во вашето семејство, советуваат надлежните.

Неопходна е и заштита од УВ зраците со носење капа, очила за сонце, користење креми за сончање со висок заштитен фактор над 30.

OhridNews