Државата од буџетот во иднина ќе одвојува повеќе средства за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

Според најавите на премиерот Груевски, Владата ќе го зголеми процентот на приходите од ДДВ за општините од сегашните три отсто на 3,4 во 2010 година, 3,7 во 2011 и четири отсто во 2012 година.

Премиерот додаде дека се планира општините да учествуваат и во новите советодавни тела на Владата: Националниот совет за води, Советот за управување со подрачјето на речен слив и со Советот за концесија и јавно-приватно партнерство.

Ohridnews