Теквондистите на ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охридимаа повеќе од успешен почеток на новата сезона, откако на меѓународниот ИТФ А класа турнир кој се одржа изминатиов викенд во Бачка Топола, Србија освоија вкупно 25 одличја и бронзен медал во екипна конкуренција.
На престижниот турнир кој озчани почеток на новата сезона за охридските теквондисти се натпреваруваа 32 клубови од 15 различни земји. Одличната форма добиена од семинарот со еден од најдобрите мајстори во светот Гранд Мастер Ким Унг Чол црн појас IX дан охриѓани ја демонстираа во двете натпреваручки категории форми и борби.
Во финалето во форми зелен појас силите ги одмерија охридските теквондисти Давид Велковски и Антонио Јанески кои од конкуренција од 17 натпреварувачи лесно стигнаа до завршниот меч. Македонското полуфинале и финале имаше и во категоријата форми жолт појас до 14 години. Во полуфиналето Климент Куазманоски прво славеше над Филип Триуновски, а во финалето го совлада Давид Крстески. Христијан Митрески поради дискутабилните судиски одлуки остана без златниот медал во финалето во својата категорија.
– Првиот турнир во новата сезона ќе го паметеиме по извондредното преставување на нашите натпреварувачи кои дадоа максимум од себе и и направија да бидеме центар на внимание на новиот секретар на ИТФ Мастер Ким сунг Хван, кој лично неколку пати се поздрави и упати честитки до нашиот тренер, Марјан Лазаревски и лично изјави дека сме едни од ретките клубови со огромен прогрес , а сето тоа наравно се должи на нашиот генерал спонзор ПН МЕТАЛ. – коментираат од клубот.
Сите членови на охридската теквондо експедиција се закитија со медал на турниротво Србија, што исто преставува голем успех за клубот и за натпреварувачите. Теквондостите ќе освоеја уште некој медал, но неколкуте судиски одлуки ги оставија охриѓани без медал.
OhridNews