Теквондо клубот Хваранг Фист од Охрид со осум натпреварувачи учествуваше на турнирот во Скопје организиран од клубот Кобра и Македонската теквондо федерација.

Пет од осумте натпреварувачи беа дебитанти на вакво натпреварување, а нивната прва сребда со противник на татамите помина во најдобар ред со неколку одличја. Крсте Танкоски во конкуренција до 33 килограми го освои првото место, Ѓорѓи Петкоски се закити со сребрен медал до 23 килограми, а Стојанче Томаноски со пет години дебитирараше и се искачи на третото место на пиедесталот. Антонио Груески до 36кг освои сребро, а Мартин Јанкулоски до 40кг обезбеди бронза за својата екипа.

Останатите три теквондости го потврдија квалитетот и освоија медали со кои го лансираа охридскиот клуб во самиот врв од македонското теквондо. Василија Јовчески до 55кг се закити со сребро, Христијан Деспотоски до 54кг освои бронза, додека Филип Јосифоски до 63кг освои сребро.

– Кога ќе се сумира се` презадоволни сме од постигнатите резултати. Ова е добар почеток на натпреварувачката сезона и доказ дека сме во врвот на Македонското Теквондо. Презадоволни сме од новата генерација која допрва ќе се покаже на борилиштата дома и пошироко. – изјавија од охридскиот клуб

На почетокот од следниот месец Василија Јовчески како член на македонскиот тим ќе учествува на Софија Опен турнирот на кој учествуваат околу 1 300 натпреварувачи.

OhridNews