Најмалку 339 луѓе загинаа во денешното стампедо во главниот град на Камбоџа-Пном Пен за време на одбележувањето на празникот на водата на кој присуствувале голем број луѓе, пренесува „Макфакс“ повикувајќи се на  агенцијата Бета.

Како што е соопштено од агенцијата АП, во несреќата која се случила на мостот кој го поврзува Пном Пен и малиот остров Дајмонд Ајланд, каде се одржувале свеченостите, неколку стотици луѓе се повредени.


Повеќе од милион луѓе биле излезени на улиците во престолнината на Камбоџа на тридневната свеченост, чија главна атракција била традиционалната трка со бродови на реката Тонтле Сап.

Стампедото се случило во последниот ден на свеченоста, по последната трка, кога настанал метеж на мостот на кој во еден момент кога се нашле голем број луѓе.

OhridNews