Повеќе од 300 летови беа откажани, а стотина одложени поради снегот и замрзнатите писти на аеродромите во Франкфурт.  Околу 330 летови до 17 часот беа откажани поради обилниот снег и температури под нулата, кои го погодија регионот на германскиот финансиски центар.

И аеродромот во Дизелдорф бил затворен неколку часа. Проблеми имаше и со железничкиот сообраќај кој е одложен, пренасочен или откажан долж покраината Северна Рајна – Вестфалија.