Американската пошта пронашла околу 20 илјади неиспорачани писма, од кои некои биле стари една деценија, во гаражата на еден поштар од Филаделфија. Полицаецот Скот Балфур изјавил дека биле потребни три поштенски камиони за да ги изнесат сите писма. Некои од нив биле испратени уште во далечната 1997 година.


Официјалните лица на поштата изјавиле дека писмата ги заплениле на 28 април и дека оваа седмица ги доставиле на примателите. Според зборовите на полицаецот, несовесниот поштар не отишол на работа од 28 февруари.