Околу 170 луѓе, поканети на свадбен ручек во село во Кина, итно се префрлени во болница откако конзумирале храна „зачинета“ со средство за чистење `рѓа, за кое мислеле дека е сол.
Откако го пробале јадењето кое се варело во голем котел, на некој од куварите му се чинело несолено, па го зел садот за кој мислел дека е соленик и добро го „посолил“.
За брзо на гостите почнало да им се лоши и сите биле префрлени во болница, каде што биле задржани. За среќа немало поголеми последици.
Само еден ден порано, 61 гостин на свадбен ручек во североисточна Кина биле одведени во болница со слични симптоми откако јаделе месо од патка и магаре.