Најмалку 10 илјади ајкули во овој момент пливаат долж брегот на Флорида, а најмногу можат да се забележат од Палм Бич. Иако станува збор за врстата „Carcharhinus limbatus“, која начелно не се смета за опасна по луѓето, на многумина не им е баш сеедно, бидејќи овие ајкули знаат да станат агресивни доколку почувствуваат дека имаат конкуренција кога е во прашање храната.
Имено, оваа врста ајкули луѓето воглавно ги посматра од сигурна раздалеченост, а податоците со кои располагаат експертите велат дека до денес овие ајкули се виновни за смртта на само еден човек. Биологот и универзитетски професор Стефен Кајиура објаснува дека нема место за паника. Станува збор за импресивна, но не и невообичаена глетка. Според него, обично овие ајкули се движат уште појужно, но очигледно сега се задоволија со условите покрај Палм Бич и ќе останат додека не се нахранат со риба.