“Ќелавев, и тоа премногу брзо, а имам само 25 години. Не ми е срам што бев на пресадување на коса и не планирам тоа да го кријам“, напишал Руни на својот Твитер профил, и додава дека е многу задоволен од резултатите.
Во четвртокот бил фотографиран додека излегувал од приватна клиника во Лондон позната по пресадување на коса.
-Темето ми е сеуште со модрици, но кога ситуацијата ќе се смири ќе се фотографирам и ќе објавам фотографија за да го видите новиот Вејн-додава Руни.