Една тешка кражба, три полесни кражби, едно кривично дело,,телесна повреда“, три кривични дела,,оштетување“ и едно кривично дело,,фалсификување пари“, ја одбележаа изминатата недела во Охрид, соопшти полицијата.

На подрачјето на општина Охрид  евидентирани  се и 5 нарушувања на Јавниот ред и мир, од кои едно со предизвикани тешки телесни повреди. Полициските  службеници извршиле еден претрес во дом и  други простории, при што пронашле и одзеле   повеке предмети кои потекнуваат од кривични дела ,,кражба. Сообраќајната полиција регистрирала две  сообраќајни незгоди со предизвикана помала материјална штета.

извор: СВР Охрид