Луѓето кои јадат надвор од својот дом внесуваат просечно 200 калории повеќе отколку луѓето кои готват дома.

Ако често јадете надвор до дома, научниците тврдат дека на годишно ниво може да добиете и три килограми, бидејќи надвор просечно се јадат по 200 калории повеќе отколку дома. Покрај тоа, оброците во рестораните обично имаат поголем удел на заситени маснотии, пишува стручното списание Public Health Nutrition.

Истражувачите од Универзитетот во Илиноис пресметале дека просечниот Американец дневно внесува околу 600 калории преку храната од рестораните.

Нивните наоди се собрани од примерок од речиси 12 000 испитаници на возраст од 20 до 64 години.

извор:metro-portal.hr