Охридската полиција има осомничен за убиството на уличниот продавачот на девизи Трајче Цоцевски. Во интерес на истрагата неговиот идентитет не се објавува. Во СВР Охрид утрово биле повикани неколку граѓани, а официјано приведено е едно лице кое се сомничи дека го извршило убиството.

Полицијата не соопштуваат детали од истрагата, но неофицијално се говори дека осомничениот се товари за повеќе убиства и други тешки дела.

Продавачот на девизи Трајче Цоцевски исчезна во саботата. Три дена подоцна неговото безживотно тело беше пронајдено од случаен минувач во близина на автокампот АС кај Струга. Обдукцијата покажа дека Цоцевски бил убиен со удари од тврд и остар предмет во пределот на телото и главата.

Осомничените се на распит во охридската полиција и се очекува да бидат изведени пред истражен судија.

ohridnews

претходна сторија: Полицијата приведе осомничен за убиството на Цоцевски
http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=4605