Анкета која неодамна била спроведена во Велика Британија открила дека четири од десет жени повеќе сакаат да минуваат време со своите другарки отколку со сопругот. Одењето во шопинг, разговорите за диети, деца, мода, секс и озборувањето е она што во жените уживаат и поради што повеќе сакаат да се дружат со пријателките отколку со сопругот кој има поинакви интересирања. Четири од десет жени признале дека им е попријатно да бидат со другарките отколку со сопругот. Некои од испитаничките признале дека им е поинтересно и дека можат слободно да трачарат.

Според медиумите, 46 проценти од припадничките на понежниот пол сметаат дека жените се подобро друштво од мажите и дека повеќе сакаат женско од машко друштво. За повеќето жени, многу е полесно да зборуваат за „тешките проблеми“ со пријателките отколку со сопругот, кој според нивното признавање многу помалку ги познава. Секоја петта жена дури изјавила дека пријателките покажуваат поголем интерес за нивниот живот од човекот со кој се во брак, а 38 проценти од испитаниците признале дека сакаат да бидат сами со своите пријателки.