Нови 135 случаи на коронавирусот од направени 1.993 тестирања, починати 14 лица и оздравени 298 пациенти, регистрирал Институтот за јавно здравје во последните 24 часа, информираат од Министерството за здравство.
Од новозаразените 135, во Скопје се 74, Куманово – 11, Битола – 7, Виница – 6, Прилеп , Тетово и Струмица – по 5, Охрид и Пробиштип – по 3, Велес, Штип, Кичево, Ресен и Радовиш – по 2 ,Кавадраци, Струга, Кочани, Свети Николе, Крива Паланка и Крушево – по 1.
Од оздравените пациенти, од Скопје се 119, Куманово – 31,Битола – 30, Штип – 16, Струмица – 14, Велес – 13, Кочани – 11, Кичево – 9, Охрид – 8, Тетово и Виница – по 5, Гостивар, Струга, Свети Николе и Ресен – по 4, Радовиш, Валандово, Богданци и Демир Хисар – по 3, Гевгелија и Пехчево – по 2, Крива Паланка, Берово, Пробиштип, Кратово и Македонска Каменица – по 1.
Од пријавените 14 починати лица: 7 од Скопје (47г,64г,69г,71г,72г, 76г и 79г), 3 лица од Куманово (67г,71г, и 85г), и по 1 починато лице од Битола (49г), Струмица (78г), Кичево (82г) и Крива Паланка (85г). Од пријавените, сите 14 лица се починати во болнички услови.
Во моментов во Охрид има 401 атктивен случај, а во Струга 137.
OhridNews