Како што соопшти Министерството за здравство, направени се 1.854 тестирања, а од новите 307 случаи на КОВИД-19 во Скопје се 137, Куманово-17, Тетово-13, Прилеп-13, Охрид-10, Гостивар-10, Штип-4, Битола-7, Велес-15, Струмица-9, Кавадарци-10, Струга-3, Кичево-8, Свети Николе-1, Гевгелија-6, Неготино-1, Дебар-11, Ресен-5, Крива Паланка-1, Радовиш-4, Берово-1, Делчево-6, Пробиштип-3, Виница-2, Македонски Брод-1, Богданци-3, Кратово-3, Крушево-3.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 658 оздравени пациенти, од кои 46 во Охрид.

Починати се 14 лица, од кои пет пациенти од Скопје (70, 78, 65, 75 и 80г.), еден од Прилеп (73г.), еден од Гостивар (71г.), од Штип (66г.), два пациенти од Охрид (75 и 78г.), еден од Кавадарци (52г.), еден од Кичево (63г.), еден од Свети Николе (57г.) и еден пациент од Гевгелија (80г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Во моментов во Охрид активни се 349 случаи, а во Струга 154.

OhridNews