Бројот на заразени со коронавирусот во светот денеска надмина 41 милион, покажуваат податоците на интернет страницата Ворлдометерс.
Од почетокот на епидемијата, 1,13 милиони луѓе починале, а 30,6 милиони пациенти закрепнале од болеста.
Во моментов има околу 9,3 милиони активни случаи ширум светот.
Најлоша е состојбата во САД, каде што се заразени 8,5 милиони луѓе, а починале околу 226 000 лица.
Следува Индија со 7,6 милиони заразени и 115.950 смртни случаи, по што следи Бразил со 5,2 милиони случаи и 154.888 смртни случаи. Русија и Шпанија се европски земји со најголем број заразени лица.
OhridNews