Десетици луѓе загинаа во земјотресот што денеска ја погоди индонезиската провинција Западна Јава, изјави локалниот претставник Херман Сухерман.
Тој додаде дека 20 луѓе починале во болница.
Бирото за метеорологија и геофизика (БМКГ) претходно соопшти дека земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погодил главниот град на Индонезија, Џакарта, а епицентарот на земјотресот бил во градот Цианџур, Западна Јава, на длабочина од 10 километри.
OhridNews