Црногорските епидемиолози денеска ги потврдија првите пет случаи на инфекцијата со новиот сој омикрон на коронавирусот во земјата. Црна Гора на тој начин се приклучи на списокот земји во кои е регистрирана оваа многу заразна варијанта, соопшти Црногорскиот институт за јавно здравје, додавајќи дека сите лица со потврден омикрон се во добра општа здравствена состојба и имаат само благи симптоми.

Епидемиолошките служби следат и вршат идентификација на високоризични контакти на заразени лица, велат црногорските епидемиолози.

Во Грција, пак, се потврдени 14 нови случаи на варијантата Омикрон, со што вкупниот број се зголеми на 17 случаи, а најголемиот дел се неколку области на островот Крит, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје.

Претходно во Словенија и Хрватска беа потврдени случаи на заразени со Омикрон, а Србија поради новиот сој донесе дополнителни мерки за патниците од Африка. Епидемиолозите од Србија со очекување Омикрон варијантата да се појави и во оваа земја околу Нова година.

 

OhridNews