Шпанскиот спортски суд ја одби синоќа жалбата на Барселона и ја потврди суспензијата од три првенствени натпревари за полскиот напаѓач Роберт Левандовски.

Најдобриот сгтрелец сезонава во Ла Лига беше казнет со забрана за настап на три натпревари поради црвениот картон на дуелот против Осасуна минатиот месец.

Барселона, во меѓувреме, ја обжали суспензијата и додека жалбата се разгледуваше Левандовски можеше да настапи минатиот викенд на градското дерби против Еспањол (1-1).

Меѓутоа, суспензијата сега е потврдена и Левандовски ќе ги пропушти трите првенствени натпревари на Барселона во јануари, против Атлетико Мадрид, Хетафе и Жирона.

Левандовски е водечки стрелец сезонава во Ла Лига со 13 голови, пет повеќе пред конкурентите.

OhridNews