По повод 8-ми Септември Денот на државноста, годинава по 29-ти пат ќе се организира традиционалниот Интернационален Атлетски Маратон Охрид 2015.  


Охридскиот маратон започна да се организира од 1976 година и се организираше 18 (осумнаесет) години без прекин до 1993 година. Поради големата заинтересираност после првото одржување на маратонот од општински, републички прерасна и во меѓународен атлетски маратон.

Од 1993 година до 2003 година беше ставен во мирување па наредните години од 2004 година заклучно со 2010 година повторно биде успешно организиран, за да наредната 2011-та година повторно биде ставен во мирување.

Маратонот важи за еден од најтешките маратони и се трча долж крајбрежјето на Охридското езеро од Св. Наум до Охрид со многу нагорнини и надолнини со вкупна должина од 30 километри.

Рекордот на патеката во машка конкуренција го држи Борислав Девиќ од Србија со резултат од 1:39:13, а во женска конкуренција Ана Суботиќ од Србија со резултат од 1:55:23 од 2010 година.

Ohridnews