Ексклузивната информација што вчера прв ја објави Ohridnews, дека невладините организиции од Струга бараат од политичките партии на македонците да подржат еден заеднички кандидат за градоначалник на претстојните локални избори, со допис до медиумите синоќа ја потврди НВО секторот.

Во апелот упатен до ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ПЕИ, ДОМ и  ВМРО НП, се бара   тие да го подржат барањето на 26 невладини организации и да застанет зад еден кандидат за градоначалник:

„На овие избори и преку таа ваша поддршка да бидете дел од новите промени во нашата општина. Ситуацијата во нашата општина во последниве години наназад воопште не е мрдната од мртва точка, дури и се влошува. Струга од еден прекрасен туристички центар во нашата држава е ставена како заложник на интересите на поединици и се гуши и тоне од нивните напластени проблеми. Денес без ралика дали секој од вас/нас живее во градот Струга, во Мислешево, Радолишта, Лабуништа, Октиси, Враништа или во некое друго населено место, кај сите нас е иста болката за уништувањето на нашата општина град,село.

Сметаме дека како докажан човек во својата професија и човек кој се бори за интересите и правата на своите граѓани, би била најшироко прифатена личност зад која сите гореспоменати партии, здруженија на граѓани, бизнисмени, поедници и други влијателни личности и професии, би ја поддржале како надпартиска, и би била идеална можност на овие избори да ја добие довербата од мнозинството граѓани, а со тоа нашата општина би добила еден современ и угледен човек, човек кој ќе се бори и заложи да Струга го добие старото светло и прерасне во еден современ и модерен туристички центар, кој ќе биде рамо до рамо со своите конкурети“, се вели меѓу другото во апелот на 26 НВО организации од Струга.