Потврден е првиот случај со Омикрон, новиот сој на Ковид – 19 во Струга. Епидемиологот од Центарот за јавно здравје Јованка Стурлакова – Коровешоска информира дека се работи за асимптоматски случај кај повозрасно лице, вакцинирано со две дози „Фајзер“.
Лицето во моментот е во излолација. ПЦР тест правеше пред една недела заради патување во странство. Во текот на скринингот излезе дека е позитивен на Ковид – 19, а денеска добивме потврда дека се работи за новиот сој Омикрон, изјави Стурлакова Коровешоска.
Според анкетниот лист, посочи дека лицето незнае од каде се заразило, а како контакти ги навел членовите од потесното семејство.
Инаку, ова е втор официјално потврден случај на Омикрон во земјава, по првиот потврден од минатата недела кај граѓанин кој допатувал од Велика Британија.
Н.С.Ј.