Македонската фудбалска репрезентација во мај и август ќе одигра силни контролни средби со селекциите на Португалија и Литванија.
Како што беше најавено на 26-ти мај нашата репрезентација ќе гостува во Португалија каде ќе одигра пријателски натпревар со една од најсилните светски селекции, Португалија предводена од ѕвездата на Реал Мадрид , Роналдо.
Натпреварот ќе се одигра на стадионот на фудбалскиот клуб Униао Леириа „Мунисипал да Мариња Гранде” со почеток во 20.15ч ( по локално време).
На 15. август во Скопје на Националната Арена „Филип Втори Македонски” ќе гостува селекцијата на Литванија што ќе биде и последна контролка за нашите репрезентативци пред стартот на квалификациите за СП 2014г.
Во меѓувреме ФФМ е во преговори со уште неколку квалитетни репрезентации за одигрување на пријателски натпревар во терминот 30-ти мај.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com