нема преживеани во страотната несреќа
Во падот на авионот CESSNA 172 М со регистарска ознака Z3-DCV, сопственост на пилотската академија од Скопје, животот го загубија пилотот Славчо Георгиев, сопственикот на познатиот охридски ресторан Ловец, Ѓорѓи Ристески и Гоце Тасески и Јонче Савески, двајцата од охридско.По наредба на истражен судија телата на загинатите се предадени на обдукција.
остатоците од цесната ќе бидат однесени во Скопје на вештачење
Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид, истражен судија и јавен обвинител, додека причините за несреќата ќе ги истражува посебна комисија при Управата за цивилна воздушна пловидба. Како што се дознава остатоците од авионот кој се сруши за време на народниот собир по повод празникот Голема Богородица во Скребатно, ќе бидат пренесени во Агенцијата за воздухопловство во Скопје каде ќе биде извршено вештачење.