Клубот на млади од Црвен крст во соработка со Центарот за култура “Григор Прличев” ја подготвува монодрамата “Морничавата исповед на една Егејка” што ќе биде прикажана в среда од 20 часот во Центарот за култура “Григор Прличев”. Текстот е според романот “Небеска Темјановна ” од Петре М. Андреевски а изборот го направија Славе Ѓорѓо Димоски и  Христина Цветаноска, која е и актерка во монодрамата. Режијата е на Анета Јованоска.

“На монодрамата работам интензивно и напорно  десетина дена.Изведбата на овој род на драмска  престава е тешка.М оето искуство е релативно мало, но се надевам дека  ќе успеам, во изведбата,која за мене е посебен предизвик,особено од содржински аспект”, рече на прес -конференцијата, младата актерка Христина Цветаноска. Според нејзините очекувања, текстот ќе се втемели во срцето на секој Македонец.

Монодрамата е продолжение на активностите на Црвен крст – Охрид во на сока на поттикнување и развивање на  хуманите вредности преку културните настани.

Во тие рамки, неодамна оваа најголема хуманитарна организација реализира хуманитарен концерт со Борис Трајанов и мандолинскиот оркестар од Скопје.

Ohridnews