Вчера во Културно информативниот центар „Култура 365“ се оддржа средба во чест на д-р Нијази Лиманоски по повод 20-годишнината од објавувањето на неговото дело „Исламизацијата и етничките промени во Македонија“.
На средбата на која присуствуваа членови на семејство Лиманоски, говореа Мишо Јузмески – писател и публицист од Охрид, Тоде Илиевски – поет и просветен работник од Охрид, Петко Шипинкароски – писател од Струга, Исмаил Бојда – претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија од Скопје и Расим Ибушоски – просветен работник и близок соработник на Лиманоски од Струга.
„Поводот на овој настан беа да се засенат повеќе теми во однос на македонскиот народ, во смисла на историја, развој, верски разлики и проблемите од постоење на Македонците со исламска вероисповед. Се говореше за нивната историја, положба во рамките на нашата држава и воопшто нивните проблеми како една посебна верска група. Поширкото разговаравме за делото и животот на д-р Лиманоски и сето она што тој го остави како наследство за другите генерации.“ – вели Мишо Јузмески од КИЦ „Култура 365“.
Претседателот на на Сојузот на Македонци со исламска религија од Скопје, Исмаил Бојда, потенцира дека потребно е да се разбие негативниот тренд на негирање на сопствените корени и продолжување на себеосвестување на овој дел од македонскиот народ.
„Д-р Нијази е еден човек кој произлегол од самиот народ. Во тоа време се роди самоиницијатвно културна манифестација на Македонците муслимани, за која многуммина мислеа дека ќе ја снема. Но тоа се изоде и тешко дека некој може да го побие постоењето на еден исти народ со јазик, култура и традиција, а различен само во една стапка, религија. Моравме да ја убиеме во поим различноста кај некои луѓе кои се определуваат религиозно кој и што се. Но ние сме Македонци без разлика на нашето верско убедување.“ – вели Бојда.
Тој истакнува дека борбата на Лиманоски за национално освестување кај овој дел од Македонците постепено се реализира.
„Од една страна сме отфрлени од нашето ткиво, а од друга се повеќе се верува во верското убедување на луѓето. На некој му одговараше да се поделиме и да изгуби 180 000 луѓе само по основ на религија. Тогашната Југославија ни оствари простор од четири етапи за бирањена национална припадност и тоа Југословени, останати, неопределени и муслимани. На еден начин се измисли нација кој опасно делува на овие простори за да не оттуѓи од јазикот, култура и обичаите кои ги имаме како Македонци. Овие се наши простори и сакаме или неќеме, тие ќе мора да ја прифатат вистината за нашето постоење.“ – истакнува Бојда.
Д-р Нијази Лиманоски како познат и признат општествен работник на полето на науката, културата, просветата, образованието бил основоположник на движењето на културно-научните манифестации на Македонците муслимани, автохтона организација создадена од исламизираните Македонци во 1979-та година со задача да го буди и развива националното чувство кон својата македонска национална припадност.
Покрај многу објави во научни списанија, познати трудови на Лиманоски се: „Исламската религија и исламизираните Македонци“, научните трудови во зборниците „Македонци муслимани“, „Историја, фолклор и етнологија на исламизираните Македонци“, „10 години на Културно-научната манифестација на Македонците муслимани“, „Националниот идентитет на Македонците муслимани“ во коавторство со Стојче Дојчиновски – Росоклија, и многу други.
О.Т.
фото: Мишо Јузмески