Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за едно четиричлено домаќинство, пресметана врз основа на цените на мало, во септември годинава изнесува 12.037 денари. Во однос на претходниот месец е повисока за 1.2 отсто, е најновата информација на Државниот завод за статистика.

Овој септември, пораст на индексите на трошоците на животот е нотиран кај станбените услуги за 2.9, услугите за нега и хигиена за 1.8 отсто, кај средствата за образование за 0.2 .

Намалување на индексот на трошоците на животот во септември 2010 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај овошјето за 2.1 отсто, преработките од месо за 0.7 и преработеното овошје за 0.2 отсто. Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано кај услугите за образование за 6.7 и ПТТ-услугите за 1.8 отсто.

Индексот на цените на мало во септември 2010 година  во споредба со ланскиот бележи пораст од 2.5, а трошоците на животот бележат пораст од  два отсто.

OhridNews