Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за едно четиричлено домаќинство, пресметана врз основа на цените на мало, во јуни годинава изнесува 12.170 денари и во однос на претходниот месец е пониска за 1,7 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика цените на мало останале на исто ниво во јуни како и претходниот месец, а трошоците на живот се повисоки за 0,2 отсто. Цените на мало во јуни годинава, во споредба со јуни лани, бележат пораст од 2,5 проценти, а трошоците на животот од 1,8 отсто.

Ohridnews