Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и за пијалаци за едно четиричлено домаќинство, пресметана врз основа на цените на мало, во јули годинава изнесува 11.892 денари и во однос на претходниот месец е пониска за 2,3 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на живот се намалени за 0,4 отсто, што е резултат на пониските индекси на зеленчукот за 16,8 отсто, јајцата за 0,6 отсто, месото за 0,5 отсто и свежото и киселото млеко за 0,1 отсто.

Индексот на цените на мало во јули 2010 година, во споредба со истиот месец лани, бележи пораст од 2,2 отсто, а трошоците на животот бележат пораст од 1,5 отсто.

Ohridnews